Search

BBC: Убиени Руси во американски напад во Сирија, Москва уште не потврдила

 

Најмалку двајца руски борци биле убиени во американски воздушни напади на североистокот на Сирија минатата недела, а како што наведува BBC, најверојатно станува збор за платеници најмени од приватна воена компанија која соработува со сириската провладина војска.

Русија засега не ја потврдила смртта на војниците, за која најпрво пишувале американски војници, туку само рекла дека таквите вести не треба да се третираат како “примарни извори”. 

САД соопштиле дека во минатонеделните напади убиле повеќе од 100 борци, а американскиот министер за одбрана, Џим Матис, истакнал дека и покрај медиумските натписи нема потврда дека меѓу убиените има руски платеници.

“Не можам тоа да го потврдам, ни збор не сме слушнале за тоа од Централната команда или Пентагон”, рекол тој.

Стотина борци поврзани со сирискиот претседател Башар Ал Асад, ги нападнале позициите на Сириските демократски сили, кои се поддржани од САД во провинцијата Деир ез Зор.

Тие наводно ја минале реката Еуфрат, удирајќи на базата на Сириските демократски сили, каде биле присутни и американски советници, пренесува “BBC”.

Американците одговориле со воздушни и артилериски напади на 7. февруари, натерувајќи ги провладините борци да се повлечат.

Сириските државни медиуми пренеле дека во нападите загинале 10-тина луѓе, а во меѓувреме руското Министерство за одбрана навело дека сириските провладини сили биле нападнати кога спровеле операција против борците на ИСИС.

Треба да знаете
Последни објави