Search

ВО НАЈАВА НОВ ПРЕКТ НА ОПШТИНА БУТЕЛ: ИЗГРАДБА НА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО СЕЛО ВИЗБГОВО

 

Општина Бутел, најавува значаен проект за изградба и пренамена на објекти во детски градинки за згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст со кои ќе се подобри воспитно- образовниот процес кај најмаладите. 

За краток временски рок,ќе се пренамени објектот во с. Визбегово во детска градинка, каде што беше неопходна, бидејќи претходно немале ваква установа за згрижување на децата од предучилишна возраст. А во непосредна близина на ОУ “Климент Охридски” ќе се опреми јавен објект за ран детски развој која ќе ги згрижува децата од Кучевишка бара и Расадник. Во централното подрачје во близина на општината ќе биде центар за ран детсски развој со комбинирана,згрижувачка и советодавна дејност.
Истовремено, како што и доликува на една мултикултурна средина , општина Бутел се залага за формирање групи по принципот “мозаик” , што го промовира капацитетот за мултиетничност.

Треба да знаете
Последни објави