Search

Тројца гостиварци фатени со марихуана, едниот се обидел да им побегне на полицајците

Тројца гостиварци фатени со марихуана, едниот се обидел да им побегне на полицајците

Во текот на вчерашниот ден околу 22.15 часот, полицајци од Гостивар, на улицата Никола Тесла запреле патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.С. (22). Во возилото како сопатници се наоѓале и А.Д (21) и А.С. (23), сите од Гостивар.

При преглед на возилото зад совозачкото седиште била пронајдена наркотична дрога марихуана. При прегледот А.С. (23) им се спротивставувал на полициските службеници и одбивал да влезе во службеното возило. Тој се обидел да избега и му ја скинал кошулата на еден од полициските службеници, при што му нанел и повреда на левата дланка.

Тројцата биле приведени и задржани во Полициската станица Гостивар. По целосно расчистување на случајот, против нив ќе има соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави