Search

Случајот кој ја шокирал Франција: Судот расправа дали 11-годишно дете може да прифати да има секс

 

Може ли 11-годишно дете слободно да прифати сексуален однос со 28-годишен маж? Тоа ќе биде централното прашање на судењето кое почнува денес во Понтоис, во парискиот регион, додека нацрт законот предвидува воведување на минимална доба за прифаќање на однос.

Аферата ја шокирала и предизвикала тензична расправа во Франција. Минатата година, на 24. април, 11-годишно девојче следело маж до неговиот стан, каде имале сексуален однос. 

Нејзините родители поднеле тужба за силување велејќи дека нивното дете е преплашено, шокирано и дека било неспособно да се брани.

Но, обвинителството сметало дека не станува збор за силување, бидејќи односот бил доброволен и не бил извршен никаков физички притисок над малолетничката која отишла со мажот по сопствена волја.

Оценувајќи дека немало ни насилство, ни принуда, ни закани, ни изненадувања, обвинителството одлучило кривично да го гони тој татко на две деца за полов однос со дете, што е дефинирано како “сексуален напад на малолетник помлад од 15 години”. Му се закануваат пет години затвор.

Судската постапка, меѓутоа, би можела да се врати на почеток, бидејќи родителите на малолетничката имаат намера да побараат мажот казнено да се гони за силување, за што е предвидена затворска казна од 20 години, а не за полов однос без принуда, за што може да добие најмногу пет години затвор.

Уште еден маж ослободен од обвиненијата за силување на 11-годишно девојче

Во есен избиле уште две афери – ослободување на 30-годишен маж обвинет за силување на 11-годишно девојче, и осудата на 18 месеци затвор за професорот кој бил во врска со својата 14-годишна ученичка.

Владата тогаш одлучила да воведе минимална возраст за прифаќање на сексуален чин, за кој Емануел Макрон сакал да изнесува 15 години. Нацрт законот против сексуално насилство кој би требало да го одреди тој праг се очекува на Собранието на министрите на 7. март. До тогаш министерството за правда задолжило дисциплинарна мисија за расправа. Групата експерти, меѓу кои има правници и лекари, требала да го изнесе своето мислење на 1. март.

Изгледа повозрасно и лаже за се

За адвокатката на девојчето и нејзините родители, Карине Диеболт, “прашањето за прифаќањето на 11-годишно дете не треба ни да се постави”.

Ако нејзината клиентка го прифатила тоа, тоа е бидејќи била во состојба на шок, смета Диеболт, за која сите уставни елементи на силување се присутни во таа афера: сексуална пенетрација, морална принуда, изненадување, насилство и закана.

Адвокатот на одбраната истакнал дека наводната жртва “изгледала постаро од своите години и дека во духот имала 17 години”. Тој тврди и дека девојчето “лаже за се”.

Треба да знаете
Последни објави