Search

Поранешното момче на Кајли Џенер бара тест за татковство за малата Сторми

 

Сопственичката на царството за козметика, 20 годишната Кајли Џенер го роди своето прво дете, девојчето Сторми Вебстер. Но, само по неколку денови поранешното момче на Кајли побара да се направи ДНК тест за да се докаже чии дете е Сторми. Најмладиот член на кланот Кардашијан – Џенер доби дете со момчето Травис Скот, но постои шанса детето да не е негово.

Според пишувањата на британскиот Космополитан, раперот Тајга бара тест за татковство, бидејќи со Кајли имал сексуални односи точно пред девет месеци. Да се потсетиме, парот започна да се забавува додека Кајли беше малолетна, а после неколку години врската ја прекинаа во Април 2017 година. 

Многу набрзо се дознава дека Кајли е во врска со раперот Травис Скот, а парот никогаш не сакал да зборува за нивната врска оставајќи им простор на медиумите да нагодуваат каков е нивниот однос. Исто така, непосредно пред пораѓајот на Кајли, се зборувало дека раперот ја изневерува и дека не сака да се грижи за детето и дека не го сака.

Но, после емотивното видео “To Our Daughter”, кое Кајли го објави откако се породи со Сторми, беше и повеќе од јасно дека Травис бил покрај неа цело време и дека парот е среќен и заљубен.

После објавата дека Тајга сака тест за татковство, медиумите велат дека овој потег на раперот бил “очајнички”.

Треба да знаете
Последни објави