Search

Во Маврово до попладнево наврнати 55 сантиметри снег

Во Маврово до попладнево наврнати 55 сантиметри снег

Висината на снежната покривка во Маврово до 16 часот изнесува 55 сантиметри, во Пожаране 37, Лазарополе 25, Ѓуриште 19, Тетово осум, Берово пет и два сантиметри во Охрид.

Како што соопштија од УХМР за девет часа во Маврово наврнале 17 литри на метар квадратен воден талог, во Пожаране 16, Тетово 13, Охрид 12, десет во Лазарополе, четири во Скопје…

Времето до крајот на денот, според синоптичарите, ќе биде облачно со повремени врнежи од снег во западните делови. Вдолж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд, а во источните делови ќе врне претежно дожд, но на повисоките места и на планините ќе врне снег. Обилни врнежи ќе има во западните делови, каде се очекува да наврнат над 30л/м2 воден талог, а снежната покривка се очекува да се зголеми за 38см. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.

Треба да знаете
Последни објави