Search

Пендаровски: Планот 3-6-9 мора да се реализира со забрзано темпо

Пендаровски: Планот 3-6-9 мора да се реализира со забрзано темпо

Координаторот за интегрирање на Македонија во НАТО Стево Пендаровски смета дека Македонија треба посветено да работи на Планот 3-6-9 и да ги спроведе сите неопходни реформи, бидејќи нема друга алтернатива за членство на земјата во Алијансата.

Минатата власт, смета тој, во текот на изминатите години ја вратила Македонија назад во врска со ова прашање.

– Во 2008 година ние имавме исполнето се, сите воено-технички и политички услови, освен прашањето со името. Во меѓувреме, ни натоварија уште три или четири услови – справување со партизирани институциии, нема независно судство, нема слобода на медиуми…, рече Пендаровски кој денеска во Тетово одржа предавање на тема интегрирање на земјата во НАТО.

Новата Влада, вели, ги адресирала сите проблеми и со силно темпо работи на нивно решавање.

– Колку и да е тешко планот 3-6-9 мора да се реализира. Нашиот план е тоа да се заврши пред следниот самит на НАТО, зборувам за овој дел освен за името. Сите други работи мора да бидат завршени и да остане само прашањето за името. Знанаете дека денеска продолжува следна рунда разговори во Виена и ќе видиме како тоа ќе се одвива, рече Пендаровски.

Според него, друга алтернатива за интегрирање на Македонија во НАТО нема, освен да се реализира планот 369, и да се постигне договор со Грција за спорот со името.

Треба да знаете
Последни објави