Search

Од скопска продавница за техника украден 21 лаптоп

Од скопска продавница за техника украден 21 лаптоп

Непознат сторител извршил тешка кражба во продавница за течничка стока на улицата Ѓорче Петров во Скопје во периодот од 15 часот на 11 до 4.30 часот на 12 овој месец.

Според информациите од полицијата, сторителот со парче бетон го скршил стаклото од влезната врата, влегол внатре и одзел 21 лаптоп, по што побегнал во непознат правец. Сторителот стекнал противправна имотна корист од 900.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави