Search

Украдени 200 литри нафта од амбуланта во Арачиново

Украдени 200 литри нафта од амбуланта во Арачиново

Непознат сторител крадел нафта од Здравствената станица во Арачиново. Како што информира полицијата, вчера  околу 08:20 часот Ф.А. (58) од с.Арачиново, вработена во амбуланта Арачиново како патронажна сестра, пријавила дека во периодот од 19.30 часот на 09.02.2018 до 07.00 часот на 12.02.2018 година непознат сторител извршил тешка кражба во Здравствена станица Арачиново. Сторителот со употреба на сила влегол во подрумската просторија, демонтирал едно црево на резервоарот и одзел околу 200 литри нафта за домаќинство, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави