Сообраќајка на патот за Маврово
Обилните врнежи од снег во Западна Македонија го отежнаа сообраќајот на патот Гостивар – Маврово. Условите на патот веќе предизвикуваат потешкотии во одвивањето на сообраќајот, а веќе ја регистриравме и првата сообраќајка. Пред Маврово поради неприлагодената брзина на патот се преврте патничко возило. Увидот е во тек, по што се очекуваат повеќе информации од МВР.