Search

Снегот предизвика застој на Стража, забрана за тешки товарни возила

Снегот предизвика застој на Стража, забрана за тешки товарни возила

Поради врнежите од снег сообраќајот кај превојот Стража во текот на целиот ден се одвиваше со потешкотии. На социјалните мрежи граѓаните кои се затекнале на лице место споделуваат фотографии од кои може да се забележи колона од возила.

Повторно е воведена забрана за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража. Забрана имаше и утринава, по што беше укината, но поради врнежи од снег забраната повторно е вратена.

Забраната важи од 17:10 часот.

Треба да знаете
Последни објави