Search

На Ќафасан уапсен гостиварец баран со потерница

На Ќафасан уапсен гостиварец баран со потерница

На граничниот премин Ќафасан на албанско-македонската граница кај Струга, уапсен е македонски државјанин баран со меѓународна потерница.

Според албанската полиција станува збор за Фета Кадрија (78) од Гостивар, по кого меѓународна потерница имале распишано хрватските власти.

Гостиварецот бил приведен при влез во Албанија, со цел, како што стои во соопштенето, да биде екстрадиран.

Потерницата била распишана по барање на Основниот суд во хрватскиот град Опатија, кој на 15 октомври 2010 година му изрекол затворска казна во траење од шест месеци за „фалсификување документи“.

Треба да знаете
Последни објави