ЕКСКЛУЗИВНО 30 милиони евра „стопени“ од сметките на МВР во времето на Јанкуловска!

ЕКСКЛУЗИВНО 30 милиони евра „стопени“ од сметките на МВР во времето на Јанкуловска!

Околу 30 милиони евра изнесува првично утврдената штета која поранешното раководство на Министерството за внатрешни работи,предводено од Гордана Јанкулоска, сега обвинета во низа случаеви на Специјалното јавно обвинителство, за девет години, преку сметките за денарско и девизно работење и спец-касата на МВР и УБК ја ненло врз Буџетот на Република Македонија. Точната бројка ќе се знае откако државните ревизори ќе ја испразнат големата соба во МВР полна со сметки, дознава порталот Судство.мк.

Во купиштата хартии, ревизорите ќе треба да најдат колку пари се одлеани преку илјадниците фискални сметки, патни налози за службени патувања во земјава и странство, одвоени пари за семинари и обуки, наводно потрешени кеш пари оправдани само со писмено образложение „службен ручек со соработник“ и „трошок на соработник“ и слично.

Треба да знаете
Последни објави