Search

Крш и хаос по светот: Азиските берзи пукнале по крахот на Волстрит

 На азиските берзи, и тоа најмногу во Кина, денес акциите паѓале поради новиот крах на Волстрит.

MSCI индексот на азиски-пацифичките акции, без јапонските, во околу 7:30 часот бил во минус 2,3 проценти, што е најголемо дно во последните два месеци. MSCI индексот кон крајот на јануари кршел најголеми рекорди во историјата, а утрово паднал шести ден по ред. Кога ќе се повлече црта, оваа недела изгубил околу 7,7 проценти. 

Токио, Јапонија

Индексот “Nikei” на Токиската берза потонал речиси 3 проценти, додека цените на акциите во Сингапур, Австралија, Јужна Кореја, Хонгконг и Шангај паднале меѓу 0,7 и 4,9 проценти. “Nikei” од почетокот на седмицата изгубил речиси 9 проценти, а и на останатите азиски берзи се бележат загуби.

Куала Лумпур, Малезија

Со денешниот пад поголем од 4 проценти, кинеските берзански индекси влегле, како и “Dow Jones” и “S&P 500” на Волстрит, во подрачјето на корекции, 10 и повеќе проценти под своето претходно највисоко ниво.

Хонгконг

Овој пад е последица на вчерашниот пад на најважниот индекс на Волстрит за околу 4 проценти, што е веќе втор таков остар пад оваа седмица.

Волстрит, Њујорк

Остриот пад на вестите и несклоноста на вложувачите да ризикуваат ги потискаат и цените на нафтата. Цената за барел на американскиот пазар паднала утрово за еден процент, на 60,55 долари, блиску до најниското ниво во речиси два месеци, додека на лондонскиот пазар барелот поевтинил за 0,75 проценти – на 64,30 долари.

Ослабел доларот, инвеститорите бараат посигурни валути

Доларот ослабел на пазарот за валути, а зајакнале валутите кои се сметаат за сигурни во несигурни времиња – како што се јапонскиот јен и швајцарскиот франк. Доларот од почетокот на седмицата опаднал околу 1,5 проценти.

Треба да знаете
Последни објави