Search

Криминалец убил работник во перална бидејќи не му го испрал BMW-то доволно брзо! Снимено страшно злосторство

Ужасно злосторство се случило во Москва, кога едно “опасно момче” удрило и убило еден работник во перална, бидејќи работникот, според неговото мислење, не пристапил доволно брзо кон перењето на неговото “BMW”.

Инцидентот се случило во московската населба Ступино на 7. февруари во околу 3:30 часот наутро, кога криминалецот со пријателите дошол во пералната и побарал неговиот автомобил да биде исперен веднаш.

Поспаните работници не биле баш во брзање тоа да го направат, па тој одлучил да ги казни со удари во глава. Ги удрил двајцата, а еден од работниците паднал на бетонот и удрил со главата, по што починал на самото место.

Криминалецот бил уапсен, и му се заканува казна од 8 години затвор.

Треба да знаете
Последни објави