Search

Изнајмил комби и не го вратил

Изнајмил комби и не го вратил

Триесет и три годишен радовишанец А.Р. изнајмил во Скопје комби „мерцедес вито-113“, а потоа не одговорало на повици и не го вратил.

Како што информира МВР, случајот вчера во Полициската станица Аеродром го пријавил Љ.К.(55). Изнајмувањето на комбито се случило во неговата канцеларија, во фирма на улицата Февруарски поход. Радовишанецот побарал да изнајми поголемо возило за период од 2 до 7 февруари за да патува во Софија и назад, по што склучиле договор.

А.Р. се стекнал со противправна имотна корист од 950.000 денари. 

Треба да знаете
Последни објави