Search

Хорор лет: Паднала вратата за излез во случај на опасност, па за тоа ги обвиниле патниците

Нигериската воздухопловна компанија на чиј што авион му се откачила вратата после слетувањето на аеродромот, бесрамно ги обвинила патниците за овој инцидент.

После слетувањето на аеродромот, една од вратите за излез во случај на опасност сместени над самите крила ненадејно се откачила и паднала на пистата. Сепак, набрзо од нигериската авиокомпанија се огласиле и порачале дека „вратата не можела сама да падне без некој од патниците да ја отвори“, притоа негирајќи дека имало некаков дефект.

Сепак, патниците кои што биле на седиштата во близина на вратата за излез во случај на опасност се уверени – никој воопшто не ја допрел вратата.

 

„Летото беше многу бучен. Забележав дека рачката на вратата е лабава и дека се клима. Кога слетавме, слушнав како нешто да експлодира. Тогаш го почувствувавме налетот на ветрот и ја слушнавме силната бучава. Беше ужасно“, раскажува патникот Дапо Санво од Лагос.

„Екипажот се обидуваше да ги спречи патниците да не го снимаат и фотографираат делот каде што вратата беше отпадната“, открива тој.

 

Друга патничка, Ола Брон на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави: „Дали ја слушнавте бучавата која што цело време додека траеше летот доаѓаше од вратата? Беше вознемирувачки. Мислев дека некоја завртка паднала, не очекував целата врата да се откачи од авионот“.

Сепак, од нигериската авиокомпанија и натаму негираат дека вратата паднала поради дефект и тврдат дека веќе ангажирале експерти кои што „не пронашле никакви неправилности“. Сепак, за среќа вратата се откачила кога авионот веќе бил над пистата, а не претходно за време на летот.

Треба да знаете
Последни објави