Search

Сорос донира пари за одлагање на Брегзит

Американскиот милијардер Џорџ Сорос преку својата фондација донираше околу 450.000 евра на групата “Бест фор Бритаин”, која се залага за одлагање на Брегзит, изјави претседателот на оваа група Марк Малок-Браун.

“Џорџ Сорос Фондацијата, заедно со други главните донатори, значително придонесе за нашата работа”, изјави за Ројтерс Малох Браун.

Групата “Најдобра Британија” го поддржува одлагањето на Брегзит и повторно одржување референдум за членство во ЕУ.

“Ние веруваме дека британскиот народ заслужува да ја донесе конечната одлука за решавање за Брегзит и веруваме дека државата е измамена. Ова е демократски и патриотски обид да ја врати нашата иднина, и ние ја поздравуваме помошта од многуте кругови”, рече претседателот.

Треба да знаете
Последни објави