Search

Од аргентинската подморница ни трага, ни глас: Владата нуди 4 милиони долари за тој што ќе успее да ја лоцира

 

Подморницата “Сан Хуан” исчезнала на 15. ноември.

Награда од четири милиони долари е понудена за оној што ќе успее да ја лоцира аргентинската подморница која исчезнала пред три месеци. 

Претседателот на Аргентина, Маурисио Макри тоа им го соопштил на семејствата на 44-те членови на екипажот кои биле во подморницата во моментот на исчезнувањето.

Подоцна министерот за одбрана, Оскар Агад, навел дека наградата ќе биде околу 4.000.000 милиони долари, а дека конечната сума ќе биде соопштена кон крајот на неделата.

Членовите на семејството од Макри бараат да ја прошири потрагата, а бараат и од приватни компании да се вклучат, пренесува Sky News.

Подморницата “Сан Хуан” исчезнала на 15. ноември додека била на рутинска вежба кај источниот брег на Аргентина.

Досега 13 земји се вклучиле во потрагата, а од пловилото ни траг.

Треба да знаете
Последни објави