Search

Грција сака да го легализира одгледувањето на канабисот за медицински цели

Грчката влада сака да го легализира одгледувањето на канабисот за медицински цели поради зголемениот интерес на инвеститорите и можноста за помош на оваа индустрија при излезот на земјата од кризата.

Вчера до грчкиот парламент беше доставен закон за легализација на производство на медицински канабис.

Минатата година во Грција беше дозволена употребата на медицински производи од канабис, меѓутоа само од увоз.

Од владата изјавија дека се надеваат оти домашното производство и преработката би привлекле 1,5 милијарда евра инвестиции во рок до три години.

Треба да знаете
Последни објави