Search

Близу половина од платите во земјава не се пријавуваат реално

Близу половина од платите во земјава не се пријавуваат реално

Скриените плати се уште се еден од најголемите проблеми, близу половина, 44 отсто од платите на вработените во земјава целосно или делумно не се пријавуваат, а 9 отсто од нив се без писмен договор за работа, покажал мониторингот на скриената економија.

Вработените повеќе одбираат повисока плата наместо да бидат пријавени на целиот износ. Такви случаи биле забележани и во фирми кои одлично котираат во бизнис заедницата.

Иако сме подобри од Косово и Албанија, со индекс на скриена економија од 3,4, земјава нема подобрување во однос на 2014, причини се политичката и економската криза.

Директорката на УЈП, Лукаревска, најавува засилени контроли и санкции за сите што ќе бидат фатени дека не издаваат фискални сметки, има се повеќе јавувања на телефонскиот број 198. Во следниот период особено ќе се чешлаат забавните настани, прв на агендата е Струмичкиот карневал.

„На сите големи забавни настани кои ќе се случуваат во наредниот период ќе контролираме, бидејќи сметаме дека токму во тој период има најмногу неиздавање на фискални сметки, односно дека постојат паралелни менија, едни за граѓаните, други за странските гости, и во делот на хотелското сместување“, вели Лукаревска.

Инспекции имало и претходната недела, неправилности се откриени кај 10 отсто од контролираните.

Бизнисмените имаат свои причини зошто секогаш кога имаат шанса се обидуваат да го избегнат плаќањето данок.

„Бидејќи се уверени дека за парите кои ги даваат во општеството, не завршуваат каде што треба и за нив не ги добиваат вистинските вредности, на пример, плаќаат придонес за здравство, а потоа се принуденио да се лечат на приватните клиники, плаќаат придонес за пензиско, а на крај дрѓавата зема кредити за да го дополни Пензискиот фонд. Така што, стапот, има два краја, и едните и другите се во право“, вели Витанов.

Намалување на даноците може да придонесе, но скриената економија не може да се искорени главно заради корупцијата и неефикасноста на судството, тврдат експертите.

Треба да знаете
Последни објави