Search

Возило удри во жена на крстосница во Кисела Вода

Возило удри во жена на крстосница во Кисела Вода

Триесет и петгодишната Г.Б. денеска била удрена од возило на крстосница во населбата Кисела Вода.

Како што информира за МИА од МВР, сообраќајката се случила во 16 часот и 50 минути на крстосницата од булеварот „Борис Трајковски“ со улицата „Народни херои“ кога патничко возило „опел корса“ удрило во скопјанката Г.Б. (35).

Повредената со возило на Итната медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Од страна на увидна екипа на СВР Скопје извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави