Search

Судот одлучи-Касами останува претседател на БЕСА

Судот одлучи-Касами останува претседател на БЕСА

Билал Касами останува на позицијата претседател на движењето БЕСА. Основниот суд Скопје 2 го одби барањето на дел од членството, кое бараше административна промена на името на претседателот на партијата, откако  на седница на Централниот совет го смени Касами и на негово место го постави  Неџбедин Каремани.

Од противничкиот табор велат дека, судот не го спори мнозинството, туку постапката на дејствувањето со документацијата и дека конечната одлука ќе ја донесат делегатите на конгресот.

Од двете групации велат дека, пратеничката група е единствена и заеднички ќе ги поддржува реформите и покрај тоа што тројца од пратениците застанаа на една страна, а двајца останаа со Касами.

 

Треба да знаете
Последни објави