Крвава пресметка пред куќа во Гостивар, четворица завршија во болница

Крвава пресметка пред куќа во Гостивар, четворица завршија во болница

Вчера околу 18,40 часот во Гостивар на улица „Мајор Чеде Филиповски“ пред куќа сопственост на А.А.(40), по претходна вербална расправија настанала тепачка меѓу лицата Ѓ.Ј.(59) и неговиот син М.Ј.(38) од Гостивар, како и посочениот А.А.

Со намера да ги раздели, се вклучил и М.И. (27).

Во еден момент Ѓ.Ј. извадил гасен пиштол и со истиот го удрил М.И. во пределот на главата.

Со повреди се здобиле сите учесници во настанот и по укажаната лекарска помош во Медицински центар Гостивар се пуштени за домашно лекување. 

Извршен е увид, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави