Search

Премиерот Заев во официјална посета на Република Турција на 12 февруари

Премиерот Заев во официјална посета на Република Турција на 12 февруари

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од владина делегација, на 12 февруари ќе престојува во официјална посета на Република Турција.

За време на оваа официјална посета премиерот Заев ќе има средби со Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, со Претседателот на Владата на Република Турција Бинали Јилдерим, како и со Претседателот на Собранието на Република Турција, Исмаил Кахраман.

По средбата со претседателот на Владата на Турција предвидена е и заедничка прес – конференција на премиерите на Република Македонија и Република Турција.

Треба да знаете
Последни објави