Тројца повредени при експлозија во Даночната управа во Анкара

Тројца повредени при експлозија во Даночната управа во Анкара

Три лица се повредени при експлозија во котларницата на зграда на Даночната управа во турскиот главен град Анкара, соопшти синоќа анкарскиот градоначалник Ерџан Топанџа.

Тројцата повредени се припадници на служзбата за обезбедување на објектот, што се наоѓа во анкарскиот кварт Чукурамбар.

Според Топанџа, постои голема веројатност дека експлозијата претставува саботажа.

– Истрагата се уште трае, но постојат сомнежи дека експлозијата е последица на саботажа. Сомнежите се уште не се сто процентни сигурни, но има сознанија за таква можност, додаде Топанџа.

При експлозијата се нанесени серизони оштетувања на Даночната управа и се искршени прозорците на околните згради и на неколку возила.

Експлозијата се случила по работното време на Управата, така што во зградата се наоѓале само припадници на обезбедувањето, но таа предизвикала паника меѓу присутните во блискиот трговски центар.

4-1.jpg

Треба да знаете
Последни објави