Search

Груевски и Јанакиески денеска пак во суд, случајот за шамарите во Центар почнува од почеток

Груевски и Јанакиески денеска пак во суд, случајот за шамарите во Центар почнува од почеток

Судењето против Никола Груевски и Миле Јанакиески за насилството во општина Центар, со новиот распоред на судиите во Кривичниот суд во Скопје, денеска почнува од почеток.

Првообвинет во овој случај е поранешниотпремиер Никола Груевски, а обвинети се и поранешниот министер Миле Јанакиески, поранешната советничка Даниела Рангелова и десетина други лица…

Овој случај на Специјалното јавно обвинителство ќе го суди судијата Душан Јосифов од Основниот суд Скопје 1.

Во овој предмет, двајца обвинети, Томислав Лазаров и Јордан Ристевски признаа вина и добија условни казни, а за обвинетиот Димче Крстев се води издвоена постапка.

Другите 11 обвинети се изјаснија дека не се виновни.

 

Треба да знаете
Последни објави