Search

(Видео) Мицкоски загрижен пред Нимиц

Мицкоски загрижен пред Нимиц

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со медијаторот на ООН за прашањето за името Метју Нимиц рекол дека разговорите за името треба да продолжат да се водат во рамката утврдена од Обединетите нации, почитувајќи ги документите и принципите на Советот за безбедност, Времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата, стои во соопштението, од страна на ВМРО-ДПМНЕ е изразена загриженост за одредени чекори во грчкото општество кои иритираат и поттикнуваат негативни чувства кон Република Македонија и истите не се од помош на целокупниот процес.

„Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека решението за кое преговара македонската Влада треба да ги запазува државните и националните интереси и да не го загрозува националниот идентитет на Македонците“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Медијаторот Нимиц, кој од вчера е во посета на Македонија, денеска имаше средби со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претседателот на ДУИ Али Ахмети. 

 

https://www.youtube.com/watch?v=3xQDn9nwxuI

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави