Search

Трамп ги одложува санкциите против Русија: Демократите обвинуваат – тој не може да му се спротивстави на Путин

 

Трамп одлучи да почека со новите санкции против Русија, а Демократите не го кријат своето незадоволство од ваквиот потег на американскиот претседател.

Американците во изминативе неколку години, во редовни интервали воведуваат санкции против Русија, меѓутоа Демократите сметаат дека тоа не е доволно и го обвинуваат претседателот Доналд Трамп дека е премногу благ кон Русија.

Имено, оваа седмица беше во план против Москва да бидат воведени нови санкции, но од Белата куќа одлучија да почекаат, по што предизвикаа бурни реакции од страна на Демократите во Сенатот.

Лидерот на Демократите во американскиот Сенат порача дека Трамп мора да воведе нови санкции, а како аргумент го наведува тоа што Русија не само што се вмешала во американските претседателски избори, туку Москва сега и натаму активно се меша во предстојните избори за Конгресот.

„Ова се задолжителни санкции. Имаме 97 гласови „ЗА“ и 2 гласа „Против“ и тоа го потврди Сенатот. Трамп сега го игнорира тоа“, изјави лидеротна Демократите во американскиот Сенат, Чак Шумер и додаде:

„Ова е екстремно заобиколување на должноста од страна на Доналд Трамп кој што очигледно преферира поткопување на владеењето на правото во оваа земја, наместо да му се спротистави на Владимир Путин“, изјави Чак Шумер.

Треба да знаете
Последни објави