Search

Се протестираше против притворите на учесниците во крвавиот четврток

Се протестираше против притворите на учесниците во крвавиот четврток

Пријатели, роднини и поддржувачи на притворените за крвавиот четврток денеска протестираа кај Соборниот храм, со парола дека притворените всушност ја бранеле државата и уставниот поредок.

Голем број присутни биле дојдени од Вевчани, во знак на поддршка на Крсто Мукоски, пратеникот кој ги отвори вратите на Собранието и внатре ја пушти толпата која физички ги нападна пратениците на СДСМ, ДУИ, Алијансата за Албаниците, додека пак со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се прегрнуваа и бакнуваа.

Маршот се упати кон канцелариите на Европската Унија во Скопје, а на протестот се придружија и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, Антонијо Милошоски и Трајко Вељановски.

Според присутните на протестот, притворени се невини луѓе кои во Собранието влегле само од патриотски побуди.

Треба да знаете
Последни објави