Search

Петмина членови на ДИК побарале апанажа

Петмина членови на ДИК побарале апанажа

Петмина од досегашните членови на ДИК, односно досегашниот претседател на Комисијата, Александар Чичаковски, членовите од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, Субхи Јакупи од ДУИ, како и Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ поднеле барања за апанажа. Тие ќе земаат апанажа една година бидејќи овој состав на Комисијата помина повеќе од две години, а сумата што ќе ја добиваат е колку нивната месечна плата, приближно илјада евра. 

Апанажа, како што објави МИА, не побарале членот на ДИк од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ, како и членовите независни експерти, Реџеп Прекопуца и Атанас Урумов, како независни експерти членови.

Прекопуца се вратил на работното место во Собранието, а во подрачното одделение на ДИК во Гевгелија се вратил Атанас Урумов, кој исто така беше избран како експерт за член на Комисијата. Сашо Срцев, пак, ќе работи на старото работно место државен советник во Министерството за транспорт и врски.

Осуммина членови на ДИК поднесоа оставки, а Собранието ги констатира по обвинувањата во јавноста за земање големи надоместоци за последните изборни циклуси. Оставка не поднесе само Ермира Асани Салија која беше предложена од Беса, и, пред неодамнешните локални избори, го замени Бедредин Ибраими од ДПА.

Стручната служба на ДИК денеска со „Отворен ден“ за граѓаните го одбележа Глобалниот ден на изборите. Портпаролката на Комисијата Љупка Гугучевска изјави дека граѓаните се интересирале за начинот на водење на избирачкиот список и за електронската проверка во Избирачкиот список.

Гугучевска додаде дека во однос на изборот на членови на ДИК, согласно Изборниот законик, распишувањето на огласот и изборот на членовите е во надлежност на Собранието. Комисијата сега има само една член, а целосно функционира стручната служба на ДИК која и формирана за организациско технички и административни работи на Комисијата.

 

Треба да знаете
Последни објави