Search

Обвинителите не можат со платата да врзат крај со крај

Жива беда, е единствениот македонски народен збор кој целосно може да ја опише материјална состојба во Анкетните листови на 85 отсто од вкупно 175 јавни обвинители во земјава. Оваа вест може на прво читање личи како од рубриката „верувале или не“.

 

Но, кога ќе се прочитаат анкетните листови кои лично си ги пополниле обвинителите кога биле избрани на оваа одговорна позиција и писмено ја известиле Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), јавноста има можност да дознае дека голем дел од нив немаат дом, возило, или пак кредит. Ниту еден обвинител не пишал колку заработува месечно. Не пишал ниту за неговиот партнер.

Некои обвинители дури кредитно се заглавени „преку глава“. Има и такви, ама многу малку, како што се вели „на прсти да се избројат“ кои пишале се искрено и според законот. Само неколкумина обвинители се богати. Остатокот врзуваат први со први.

ДКСК според законот, јавно ги објавува имотите и на обвинителите на својата веб – страница. Се разбира, велат од ДКСК, избраните обвинители своите анкетни листови ги пополниле и пратиле до комисијата во законски предвидените плус-минус 30 дена откако се избрани. Од тогаш до денес, како што дознава Судство.мк. само неколкумина имаат измена во анкетниот лист.

За јавноста е збунувачки како може избраните јавни обвинители да кријат што се поседуваат или наследиле, а всушност тие се лицата кои секој ден треба да ги откриваат сомнителните трансакции и сопственици на имоти со сомнително потекло!

Автор
Горан Наумовски

Треба да знаете
Последни објави