Search

Нимиц денеска на средби со Иванов, Заев, Димитров, Мицкоски и Ахмети

Нимиц денеска на средби со Иванов, Заев, Димитров, Мицкоски и Ахмети

Во 9,45 часот медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц ќе ја има правата средба за време на денешниот престој во Скопје, со претседателот Ѓорѓе Иванов. Потоа следува средбата со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

По средбата со шефот на македонската дипломатија, Нимиц ќе даде изјава за медиумите.

Попладне следуваат средбите со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Нимиц во Македонија допатува вчера по дводневната посета на Атина. Тој по пристигнувањето само кусо изјави: „По Атина очекувам добри разговори и во Скопје“.

Треба да знаете
Последни објави