Search

ФОТО: Маж допирал девојка по задникот и бутовите – Кога го одбила, ѝ скршил шише од глава

19-годишната Софи Јохансон преживеала вистинска драма во ноќен клуб во Малмо. Тинејџерката излегла да се забавува, не помислувајќи

дека ќе биде жртва на брутален напад на маж, кој прво сексуално ја нападнал, а кога го одбила, ја удрил со флаша во глава.

Софи во шведските медиуми ги објаснила деталите од инцидентот. Како што рекла, во еден момент ги почувствувала рацете на непознатиот маж на задникот додека играла на подиумот. Побарала од него да престане да ја напаѓа, кога тој, во налет на бес, ја удрил со бокс во лицето, пишува “Daily Mail”. 

Бидејќи не сакала ситуацијата да ескалира, се свртела и со својата пријателка тргнала да излезе од клубот, кога тој скршил стаклена флаша од нејзината глава.

“Мислев дека низ моето лице тече алкохолот од флашата, но тогаш пријателката ми кажа дека е крв. Бев во шок”, вели таа.

Отишла во болница каде лекарите ги зашиле раните на главата, а полицијата земала изјава.

Фотографиите од крвавото лице и маицата извалкана од крв брзо почнале да се шират на социјалните мрежи, а шведската јавност остро го осудила нападот.

Сепак, неколку дена подоцна, уследил шок – полицијата ја сопрела истрагата поради недостиг на докази со кои би можела да го идентификува напаѓачот. Самата Софи рекла дека бил висок околу 177 сантиметри, дека имал темна коса и верува дека е во средните 20-ти години.

“Се надеваме дека некој нешто видел, дека го видел инцидентот. Ако да, повторно ќе отвориме истрага”, рекол Нилс Норлинг, портпарол на полицијата во Малме.

Во клубот “Бабел”, каде се случил нападот, и порано имало инциденти. Најпознат е бомбашкиот напад на почетокот на ноември 2017. година, кога силна експлозија ја разнела вратата од клубот.

Треба да знаете
Последни објави