Search

Денеска променливо облачно, наредните денови проследени со дожд

 

Денеска ќе има зголемување на облачноста, по котлините поради температурна инверзија ќе има појава на утринска магла. В петок ќе биде променливо облачно, во вечерните часови со врнежи од дожд, кои ќе продолжат и в сабота.

Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. На повисоките планини ќе има врнежи од снег. Ќе биде релативно топло со засилен, а на моменти и силен јужен ветер. Повремени врнежи ќе има и в недела, а во понеделник ќе настапи преодно стабилизирање.

Треба да знаете
Последни објави