Search

Обновено: Директорот на МНТ, Дац, вечерва повредил девојка во Скопје

Директорот на МНТ, Дац, вечерва повредил девојка во Скопје

Драган Спасовски Дац, директор на МНТ, вечерва на улицата Огњан Прица кај „Шампионче“ околу 21.20 часот со возило БМВ повредил 27-годишна девојка, се дознава од упатени извори.

Засега се знаат иницијалите на повредената девојка – Е.Ц.

Девојката веднаш била префрлена во болница, каде што биле констатирани лесни повреди, по што е пуштена на домашно лекување.

Увидот на местото на настанот сѐ уште е во тек.

Нема потврда за шпекулациите дека Дац бил под дејство на алкохол.

Треба да знаете
Последни објави