Search

МВР: Најдени оружје и муниција при претрес во неколку куќи во населбата Ченто

МВР: Најдени оружје и муниција при претрес во неколку куќи во населбата Ченто

По добиени оперативни сознанија за можни сторители на кривични дела недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзорим и врз основа на издадена Судска наредба денес (припадници на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во скопската населба Ченто извршија претрес во домовите на лицата: А.А. (35), Р.А. (48), Х.А. (47), А.А. (45), А.А. (40) и И.М. (49).

„Во претресите на домовите на посочените лица на ул “Фуштанска“ и на ул “Методиј Андонов Ченто“ откриени и запленети се една автоматска пушка, две рамки за муниција, една воздушна пушка, прибор за чистење и пластичен куфер; еден метален пиштол со дрвен ракофат „М 57“ кал.7,62 мм со вметната рамка со осум куршуми; еден пиштол марка „Zoraki“ М 906-В кал.7,65мм, една рамка со шест куршуми кал.7,65 како и една паковка со непозната грутчеста кафеава материја. Исто така откриена и одземена е и уште една пушка“, информираа од МВР.

Лицата, велат оттаму, се приведени и со нив е извршен разговор, а Единицата за недозволена трговија во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје по целосно документирање на случајот до Основното јавно обвинителство ќе достави соодветни поднесоци

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави