Search

Ќерката на вештакот во „Топлик“, вработена во СЈО

Ќерката на вештакот во „Топлик“, вработена во СЈО

Стручното мислење на вештакот, а сега директор на Катастарот, Борис Тунџев, го одложи судењето за изградбата на „Сончев град“ во Сопиште. Адвокатите на обвинетите, меѓу кои е и екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, посочија дека ќерката на Тунџев работела во Специјалното обвинителство, а кога го изготвувал вештачењето, тој немал лиценца.

Поради тоа побараа овој доказ да биде изземен. Од СЈО потврдија дека ќерката на вештакот Тунџев е навистина вработена кај нив, но тврдат оти тоа не влијаело на извештајот, ниту пак во знак прашање ја доведувало стручноста на наодот. Судењето продолжува на 8 март. Поради болест на судијката денеска се одложи и судењето за случајот „Труст“ за тендерот во РЕК Битола, каде првообвинет е бизнисменот Сеад Кочан.

Треба да знаете
Последни објави