Search

Џаферовски во посета на воздухопловните тестови на авионите за заштита и спасување

Џаферовски во посета на воздухопловните тестови на авионите за заштита и спасување

После завршениот редовен технички преглед, воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување, денес ги извршија пробните летови, со што се комплетираат подготовките во однос на техничкката подготвеност на воздухопловите.
Авио одделението при Дирекцијата за заштита и спасување во наредниов период ќе изврши неколку вежби за максимална подготвеност во претстојната сезона на пожари на отворен простор. 
Досега, искуствата покажаа дека оперативната компонента на Дирекцијата, во голем обем базираше врз импровизации. 
Но таа пракса е веќе минато и ние отпочнавме да градиме сериозна институција, која ќе располага со професионален кадар и со ресурси кои навреме се ставаат во потполна готовост за справување со природните и другите несреќи.
Воспоставуваме високи критериуми и стандарди и подготвени сме да се соочиме со секакви предизвици.


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џаферовски напиша на својот фејсбук пост

Треба да знаете
Последни објави