Search

Страшна несреќа: Младо момче прегази пензионер во Скопје

Страшна несреќа: Младо момче прегази пензионер во Скопје

Во 12 часот во Скопје на улицата „Кузман Шапкарев“ возило „Волксваген Кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 20-годишниот Е.С. удрило во пешак.

Се работи за 71-годишниот А.Ј. кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“  каде му биле констатирани тешки телесни повреди и тоа фрактура на десно рамо и лева нога и ресекотини и набиеници во пределот на главата.

За среќа, пешакот не е во животна опасност.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

Треба да знаете
Последни објави