Search

Кумот на Трајко Вељаноски му станува советник на Заев

Кумот на Трајко Вељаноски му станува советник на Заев

Кочничарот на Специјалното обвинителство, претседателот на Врховен, Јово Вангеловски и специјалната обвинителка Катица Јанева ќе седат на иста маса и ќе бидат колеги. Ќе го советуваат премиерот Зоран Заев како дел од тимот задолжен за спроведување на стратегијата за реформи во правосудството. Вангеловски и СЈО имаат заедничко минато. Заобиколувајќи ја Катица Јанева, редовното обвинителство предводено од Марко Зврлевски побра да му се укине притворот на бизнисменот Сеад Кочан иако тој беше во бегство.

Врховен на чело со Вангеловски, тогаш го ослободи сопственикот на „Трансмет“. Прстот кон Врховниот суд повторно беше вперен откако за неразделниот двоец на УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски беше одреден притвор. Решението на највисокиот суд патуваше речиси пет часа, доволно за тие да избегаат. А, еве како премиерот Заев денеска објасни зошто Вангеловски станал дел од неговите советници – реформатори:

„За мене, почнувајќи од Зоран Заев па до кој било функциониер, се е минливо и менливо, така што не гледаме на самите личности… Не се водиме од името и презимето на личностите коишто ги водат институциите…“, вели премиерот Заев.

Вангеловски ќе биде дел од тимот на Заев, иако СДСМ пред три години обвинуваше дека владата на ВМРО – ДПМНЕ преку Врховниот суд, го наместила случајот „Глобал“ каде обвинет беше токму Заев. Ваквото тврдење од СДСМ тогаш го поткрепија и со прислушуван разговор.

Значи за предметот Глобал..

МЈ: Добро..

ЈВ: ..има они нели водат постапка, сега е кај мене тука

МЈ: Добро…

ЈВ: аа ми прави проблем едниот од судиите затоа што на решението коешто е донесено од моја страна го нема твојот потпис…значи во списите на предметот…

МЈ: А чиј потпис има

ЈВ: Па нема ничиј празно е.

Инаку, Советот за утврдување на одговорност кај судиите пред Нова Година побара Јово Вангеловски да биде разрешен заедно со уште четири судии кои го ослободија бизнисменот Сеад Кочан.

 

Треба да знаете
Последни објави