Search

Хорор сообраќајка утрово на автопатот Скопје – Тетово: Четворица повредени откако возило излета од патот и удри во карпа

Хорор сообраќајка утрово на автопатот Скопје – Тетово: Четворица повредени откако возило излета од патот и удри во карпа

Денеска околу 09.00 часот на автопатот Скопје-Тетово се случила сообраќајна незгода во која И.Р.(22) од Скопје управувајќи возило „Форд Ескорт“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во карпа, по што возилото се превртело на десната страна.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот и тројца сопатници на возраст од 22, 24 и 27 години, кои биле префрлени во болница во Тетово.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави