Search

Ален Зекиров доби отказ од МВР поради крвавиот четврток

Ален Зекиров доби отказ од МВР поради крвавиот четврток

Поради учество во крвавиот четврток Ален Зекиров добил отказ од МВР, дознава ТВ 24. Поранешниот личен телохранител на Сашо Мијалков пред три дена го добил отказното решение од УБК, каде што од 2015-та година работел како главен инспектор во одделот за антитероризам.

„По спроведената постапка за утврдување на дисциплинска одговорност поради кршење на работниот ред и дисциплина, на предлог на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност во Управата за безбедност и контраразузнавање, од страна на министерот за внатрешни работи е донесено решение со кое на А.З. му е откажан договорот за вработување во Министерството за внатрешни работи“, велат од МВР.

МВР официјално не го наведува 27 април како причина за раскинување на договорот, но неколку снимки го докажуваат присуството на Зекиров во законодавниот дом.

Треба да знаете
Последни објави