Search

Заев најави промена на имињата на аеродромот и автопатот

 

Владата ќе ги промени имињата на аеродромот „Александар Велики“ и автопатот „Александар Македонски“. Ова го најави првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со претседателот на владата на Грција, Алексис Ципрас.

Заев откри дека новото име на автопатот ќе биде „Пријателство“, а не спомена име за аеродромот. Рече дека е време да се пронајде решение за спорот за името на земјата кој трае веќе 25 години, а што ќе биде прифатливо за двете страни и ќе ги штити националниот интегритет и дигнитет на двата народи.

Во рамките на прес-конференцијата тој посочи дека Македонија останува силно посветена на имплементација на мерките на доверба помеѓу двете земји и најави продолжување на преговорите со Грција на ниво на министрите за надворешни работи, а под медијаторство на Метју Нимиц.

Треба да знаете
Последни објави