Search

Монструмот од Калифорнија: Купувал сирачиња од Филипините, а тоа што го правел со нив го шокираше целиот свет

 

Маж од Калифорнија е осуден на доживотна затворска казна поради купување на деца, сирачиња од Филипините поради секс и порнографија – обвинителството го оцени овој случај како еден од најужасните и највознемирувачки случаи со злоставување на деца во САД.

Судијата Џон Мендез изјави дека бил згрозен од злосторствата кои што ги направил 57-годишниот Мајкл Клеменс од Сакраменто, Калифорнија.

Според обвинителството, Клеменс давал детални инструкции за малите девојчиња да позираат пред него, какви фризури треба да имаат, дали да бидат нашминкани и слично.

„Неговиот детален план вклучува пронаоѓање на девочиња, девици, кои што потоа ги користел за секс. Меѓутоа, човек од 57 години не може да има сексуален однос со 7-годишно девојче, затоа што тоа е силување“, заклучил еден од адвокатите.

Клеменс бил воен ветеран без никакво кривично досие, кој што две години живеел во Банкок каде што работел како пилот на мала авио-компанија. Потоа тој се вратил во Сакраменто каде што живеел со својата мајка. Тој во неколку наврати патувал на Филипините.

„Водел двоен живот. Клеменс е многу опасен човек“, изјавил судијата Џон Мендез за американските медиуми.

Клеменс, како што откриваат американските медиуми, се здружил со една жена – Лијан Танденг на Филипините во 2014-та година, со цел двајцата да произведуваат детска порнографија, а тој исто така и да ги злоупотребува девојчињата.

Тој ѝ испратил 6 илјади долари за набавка на опрема за фотографирање на малите девојчиња, а врз основа на тие фотографии, тој одлучувал кое девојче ќе го силува кога ќе замине на Филипините.

Тој ѝ наложил на Танденг да бара сирачиња, девојчиња жртви на тајфуни и други деца од ранливи категории. Потоа, ѝ платил на соучесничката Шелини Атад да аплицира за привремено старателство над несреќните девојчиња, за потоа да ги силува и злоупотребува за производство на детска порнографска содржина.

Истражителите пронашле 3 девојчиња кои што позирале за порнографските фотографии, вклучувајќи и едно кое што го добило прекарот „Ангел“, а сите биле на возраст од 7 до 10 години. Сите три биле доведени од Филипините во Сакраменто за да сведочат против Клеменс.

Двете жени, соучеснички, биле уапсени на Филипините и веќе добиле 15-годишна затворска казна. Во еден момент, како што откриваат американските медиуми, Клеменс бил во комуникација со повеќе од 50 дистрибутери на детска порнографија и поседувал над 27 илјади фотографии со таква содржина.

Треба да знаете
Последни објави