Search

Луѓето се следни: Кинезите прв пат во историјата клонирале мајмуни

 

Кинексите научници објавиле дека за прв пат по 300 обиди успеале да клонираат мајмуни.

Двата мајмуни се клонирани со истата техника со која своевремено била клонирана и овцата Доли. 

Иако со оваа постапка можноста дека еден ден ќе бидат клонирани и луѓето изгледа се поблиску, кинеските научници предупредуваат дека нема никави причини за нешто такво.

Покрај тоа, нагласуваат тие, претходно би морало да се одговори на етички и правни прашања.

Сепак, техниката ќе им овозможи на истражувачите да создадат лаборатории полни со генетски идентични мајмуни, што би нашло голема примена во научното и медицинско истражување.

Тие ќе бидат корисни не само за медицински цели, за истражување на генетички болести, туку и за рак или за метаболични пореметувања, вели Чанг Сун од кинескиот Институт за неврологоија.

Клонираните мајмуни се родени пред осум и шест недели во една лабораторија во Кина.

Треба да знаете
Последни објави