Search

Лекар малтретирал гимнастичарки, доби 175 години затвор

Поранешниот лекар на американскиот олимписки тим, Лери Насар, е осуден на 175 години затвор поради сексуално малтретирање спортистки, меѓу кои имало и деца.

Сега веќе поранешниот лекар на американската олимписка екипа, Лери Насар, стоеше немоќно пред судијката Розмари Акилина додека таа читаше неколку изјави и писма од девојките кои беа жртвите во овој случај.

Насар беше осуден на 175 години затвор, што значи дека ќе биде таму до крајот на животот.

„Господине, знаевте дека имате проблем, мене тоа ми е јасно. Знаевте дека имате проблем од мал, дури и пред да станете лекар. Вашата одлука да нападнете била прецизна, осмислена и гадна. Не заслужувате никогаш повеќе да излезете од затвор“, рече судиката Розмари Акилина и додаде дека штотуку ја потпишала неговата смртна пресуда.

Треба да знаете
Последни објави