Search

Грција ќе ги откочи процесите за напредок на Македонија во ЕУ

 

Грција ќе ги откочи процесите за напредок на Македонија во евроинтеграциите. Ова е една од поентите на грчкиот премиер Алексис Ципрас за време на обраќањето во Давос по средбата со премиерот Зоран Заев. Ципрас истакна дека Република Грција има одговорност да им помогне на земјите од Западен Балкан да ги зајакнат своите капацитети во пресрет на нивната интеграција во Европската Унија и дека оваа средба е еден од важните чекори во таа насока.

За време на заедничката прес-конференција на двајцата премиери, Ципрас истакна дека како знак на добра волја и како резултат на иницијативите што доаѓаат од активностите на Владата на Заев, Грција ќе ги откочи процесите што се однесуваат на можностите за напредок на нашата земја во евроинтеграциите, како што е ратификацијата на втората фаза на Спогодбата за асоцијација и стаблизација во парламентот на Република Грција, отворањето на можноста за нашето членство во јадранско-јонската иницијатива за соработка, како и отворањето на граничниот премин во Преспа како исклучително важни за овој регион.

Премиерот Зоран Заев укажа на фактот дека во минатото, кога двете земји имале сериозни предизвици, покажале дека можат да работат заедно за меѓусебен интерес.

Двајцата премиери заеднички истакнаа дека двете страни остануваат посветени на преговарачкиот процес за чија имплементација е назначен медијаторот Метју Нимиц од страна на Обединетите нации и дека во наредната фаза нивото на преговарачи ќе биде кренато на ниво на министрите за надворешни работи, што ќе овозможи повеќе динамика и суштина во процесот на преговори.

Треба да знаете
Последни објави