Search

Во шопинг центар во Флорида експлодирале две бомби, пронајдени уште пет

 

Две импровизирани експлозивни направи биле детонирани во трговскиот центар во Лејк Велс во Флорида, јавува “ABC News”. Никој не бил повреден во експлозијата која се случила во просторот за носење на товар, каде во тој момент, за среќа, немало луѓе.

Трговскиот центар бил итно евакуиран по екплозијата, а засега не е познато дали се работи за обид за терористички напад или станува збор за нешто друго. 

Пожарникарите и полицијата први пристигнале на местото на настанот поради противпожарен аларм, кој се активирал во тој дел на трговскиот центар. Кога и пристигнале, утврдиле дека “импровизираната експлозивна направа била детонирана во коридорот”, рекол заменик шефот на полицискиот одел на Лејк Велс, Трој Шулце.

Подоцна било утврдено дека експлодирале две импровизирани бомби, а потоа тим за експлозиви пронашол и “ранец кој содржел пет или шест други бомби кои не биле детонирани”, објаснил Шулце.

Полицијата трага по можен извршител кој од неколку сведоци бил опишан како “средовечен белец со крупна градба, во сива маица и со сива капа”.

“Можело да биде и поопасно”, заклучил Шулце.

Треба да знаете
Последни објави