Search

Страшна сообраќајка во Батинци: Удриле во бетонски ѕид, па паднале во канал

Страшна сообраќајка во Батинци: Удриле во бетонски ѕид, па паднале во канал

Вчера, во 23:55 часот во село Батинци-скопско се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од  36-годишниот Е.Л. од село Ќојлија излетало од патот удрило во бетонски ѕид а потоа пропаднало во одводен канал.

Како што информираат од МВР Е.Л. и 38- годишниот И.Л. се здобиле со тешки телесни повреди додека 37-годишнот А.Л. се здобил со телесни повреди. Возачот бил пренесен во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“, додека сопатниците биле пренесени во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. 

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави